СИЛЕН ГРАД ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ИМА И ШТЕТИ НА ВОЗИЛАТА

    СИЛЕН ГРАД ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ИМА И ШТЕТИ НА ВОЗИЛАТАДел од паркираните возила на улицата Рузвелтова се оштетени од градот што десетина минути паѓаше во скопското централно подрачје (аматерска фотографија)

    Силен град проследен со ветер го зафати централното градско подрачје на Скопје. Невремето кое траеше десетина минути направи штети на паркирани возила и го забави сообраќајот.

    Градот на моменти беше толку силен што возачите мораа да ги запрат возилата и да паркираат на страна.

    Од паднатите гранки и лисја се затнаа и шахтите на атмосферската канализација па некои од улиците се поплавија.

    Градот беше со големина од околу 3 сантиметри (аматерска фотографија)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира