Силниот ветар кој дува од утринава, откорна дел од кров на зграда во центарот на Куманово. Кровот паднал на тротоар во еден од најфреквентните делови на градот, на крстосницата на улилвата Гоце Делчев и булеварот Трета македонска ударна бригада, па среќа е што нема повредени. Причинета е само материјална штета.
„Во 10.50 часот било пријавено дека на улицата Гоце Делчев во Куманово паднал дел од кров од зграда. Повредени лица нема, екипа од СВР Куманово е на терен и го регулира сообраќајот“, соопшти МВР.
Во расчистување на теренот учествуваа екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, како и на противпожарната единица Куманово.
С. НИКОЛИЌ



