Силниот ветер со брзина и над 65 километри на час во Битола урна лимен покрив од зграда на улицата Леринска кој падна врз паркирани автомобили. Повредени нема, предизвикана е само материјална штета. Ветерот урна и ограда со која беше заградена градежна парцела во старата битолска касарна. Исто така низ градот има искршени гранки од дрвја и искинати кабли.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ветрот има југоисточен правец и на моменти достигнува брзина од над 65 километри на час. Намалување на интензитетот се очекува друи во вечерните часови.
Битола веќе два дена е под влијание на силен ветер кој вчера урна бор исто така врз паркирани автомобили.
Ж. ЗДРАВКОВСКА