СИНДИКАЛЕЦОТ ДАНЕВСКИ ДОБИ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР НА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА НЕГОВ КОЛЕГА

    СИНДИКАЛЕЦОТ ДАНЕВСКИ ДОБИ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР НА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА НЕГОВ КОЛЕГАНа првото судње Даневски, кој е претседател на АГРО синдикатот, беше ослободен, но Апелација Штип ја врати таа пресуда. - Основен суд Свети Николе (Фото: СДК.МК)

    Синдикалецот Живко Даневски (65) доби една година затвор за сообраќајката во која почина негов колега, сопатник во возилото. Даневски беше прогласен за виновен во Основен суд Свети Николе за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“.

    Ова беше повторено судење, откако во првото Даневски, кој е претседател на АГРО синдикатот, беше ослободен, но Апелација Штип ја врати таа пресуда. Причините за настанување на оваа сообраќајна незгода според вештото лице, а кои судот ги прифати, биле невнимателно управување на обвинетиот со возилото при движење со брзина од 107,48 км/ч и зборување на мобилен телефон, задремување, разгледување на околината, разговор со сопатникот, палење цигара, зафатеност со радиото.

    „Доколку возилото се движело со помала брзина, со 60 до 70 км/ч би можеле да се намалат последиците од незгодата, односно не би дошло до превртување. Обвинетиот бил должен да ја прилагоди брзината спрема условите на патот“. пишува во вештачењето.

    Сообраќајната несреќа, излетувањето на автомобил марка „Шкода Супер Б“ се случи на 31 март 2017, околу 15.10 часот на магистралниот пат Велес – Штип, близу Лозово. Иако патот бил сув и чист, автомобилот излетал во кривина, се превртел неколку пати на кровот и пак застанал на тркала, од кое превртување со тешки телесни повреди на главата се здобил сопатникот Љубомир Митев (63) и го загубил животот на лице место. Даневски кога го управувал возилото немал алкохол во организмот, било утврдено со анализа на крв и урина. Пресудата не е правосилна.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира