СИНОЌА СЕ ЗАПАЛИЈА БАРАКИТЕ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“, ЗА ЕДНА ГОДИНА ВТОРПАТ ГОРАТ ОБЈЕКТИ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

    СИНОЌА СЕ ЗАПАЛИЈА БАРАКИТЕ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“, ЗА ЕДНА ГОДИНА ВТОРПАТ ГОРАТ ОБЈЕКТИ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕБараките се наоѓаат кај расадникот на улица Илинденска во Општина Карпош. (архивска фотографија)

    Синоќа после полноќ пожар избил во бараките каде што се сместени директорот и вработените во ЈП „Паркови и зеленило”. Бараките се наоѓаат кај расадникот на улица Илинденска во Општина Карпош.

    „Добиена е пријава триесетина минути после полноќ и се интервенираше до 1.40 часот со едно возило и 3 пожарникари. Зафатена била површина од 20 метри квадратни, а направената материјална штета не е утврдена”, вели Звонко Томески, командир на Скопската пожарна.

    За една година, ова е втор случај да се запалат деловни простории на јавно претпријатие под надлежност на Град Скопје. Во декември 2021 се запалија просториите на ЈП „Улици и патишта“ откако гореше кола паркирана до бараките.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира