Изминатото деноноќие во Велес се регистрирани нови шест случаи на позитивни на КОВИД-19. Од Центарот за јавно здравје Велес велат дека сите шестмина се во роднинска врска со претходно заразените. Истовремено, седум пациенти се водат како излекувани, откако биле последователно негативни на два теста на земени брисеви. Сите биле во домашна изолација.
Со ова, бројот на активни случаи во Велес е 46, додека вкупно заболени има 101.
Во последните четири дена, во Велес се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус, а повеќето се вработени од текстилна фабрика или нивни блиски. На Инфективно одделение при Велешката болница денес се сместени 28 пациенти, за четворица кои ги имаат симптомите се чекаат резултати од земените брисеви.
П. ПЕЧКОВ