СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ ГОДИШНО ЌЕ ДАВААТ ПО 32.000 ЕВРА НА ЈП „ЛАЈКА“ ЗА ДА ЗАЛОВУВА УЛИЧНИ КУЧИЊА

    СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ ГОДИШНО ЌЕ ДАВААТ ПО 32.000 ЕВРА НА ЈП „ЛАЈКА“ ЗА ДА ЗАЛОВУВА УЛИЧНИ КУЧИЊАСпоред податоците на „Лајка“, на скопските улици има 1.970 кучиња. (Фото: СДК.МК)

    Сите скопски општини ќе треба да даваат пари за заловувањето на кучиња скитници. Секоја од десетте општини ќе треба да дава годишно по 32.000 евра на претпријатието, додека Град Скопје за оваа програма од буџетот ќе одвојува 160.000 евра.

    „На овој начин, Градот Скопје ќе обезбеди трајно и квалитетно вршење на дејноста која се однесува на заловување и собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини на подрачјето на Град Скопје. Градоначалникот на Град Скопје и директорот на јавното претпријатие ќе склучат договор со градоначалниците на општините во градот Скопје, во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка, во кој поблиску ќе се уредат прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

    Според податоците на ЈП „Лајка“ низ скопските улици има 1.970 кучиња. Од претпријатието велат дека на граѓаните им  изгледа дека во градот има повеќе кучиња бидејќи се собираат во чопори.

    Од почетокот на годинава до ноември според податоците на Министерството за внатрешни работи, 562 граѓани пријавиле дека се каснати од куче.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира