СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА, ДОЦНИ И ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ – ФОТОГАЛЕРИЈА

    СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА, ДОЦНИ И ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ – ФОТОГАЛЕРИЈАОбврската за косење на тревата низ градот е на ЈП „Паркови и зеленило“. (Фото: К. Попов)

    Кејот на реката Вардар, но и зеленилото долж булеварите и парковите низ Скопје сѐ уште се неискосени. Граѓани кои се јавија во нашата редакција велат дека кејот на Вардар каде секојдневно спортуваат и се рекреираат е обраснат со трева и иако е месец мај, уште не е искосено.

    „Змии ќе нè изедат. Не се гледа реката од огромната трева со која е обрасното коритото на Вардар“, велат граѓани.

    Кејот на Вардар (Фото: К. Попов)

    Обврската за косење на тревата низ градот е на ЈП „Паркови и зеленило“.

    Во Скопје, исто така, уште не е почната ниту постапката за прскање против комарци. Првото праскање со години се врши кон средината на април. Но, годинава тоа не е направено оти пропадна дел тендерот на Град Скопје.

    Кејот на реката Вардар. (Фото: К.Попов)

    Според информациите на сајтот на Бирото за јавни набавки, поништен е делот кој се однесува на прскањето против комарци од земја и делот за набавка на средствата за прскање. Како причина за поништување на постапката е наведено дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.

    Во Скопје изминативе неколку години летно време врие од комарци. Според истражувањата на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), големиот број комарци е поради тоа што се прска мала површина и постапката е несоодветна. Од таму велат дека средствто со кое се прска е добро, но во населените места не треба да се врши авионска дезинсекција туку прскање од земја, оти само така ќе се уништат комарците.

    Во Скопје уште не е прскано против комарци оти пропадна тендерот. (Фото: К. Попов)

    За разлика од главниот град, во Велес заврши пролетното теренско третирање од земја против ларви од комарци. Општина Велес е една од осумте во земјава која врши две третирања против комарци, и од воздух и по земја и кон крајот на овој месец таму следуваат и авионските прскања.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира