СКОПСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР ПРЕТВОРЕН ВО БУВЉАК, ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВИ ЗАЧЕСТЕНИ КОНТРОЛИ

    СКОПСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР ПРЕТВОРЕН ВО БУВЉАК, ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВИ ЗАЧЕСТЕНИ КОНТРОЛИОд лицата кои биле затекнати биле земени податоци за да им се изречат казни, но најголем дел од нив биле социјални случаи или лица без лична карта. (Фото: Општина Центар)

    Просторот околу Зелен пазар во Скопје е претворен во бувљак. Тротоарите и уличките се затрупани со диви продавачи кои се распослани на картонски кутии или на платна на кои се наредени најразлични предмети и облека. Општина Центар заедно со полицијата и Пазарната инспекција викендов спроведоа инспекциски надзор за отстранување на дивите продавачи околу Зелено пазарче. Велат дека од лицата кои биле затекнати биле земени податоци за да им се изречат казни, но најголем дел од нив биле социјални случаи или лица без лична карта.

    Граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до Oпштината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите. Поради препродавачите слободното движење по тротоарите е многу отежнато, а целиот простор е полн со смет и ѓубре кои тие го оставаат зад себе. Оштината ќе спроведува редовни акции сè до конечно отстранување и прекинување на оваа пракса. Покрај хаосот кој се создава, ниедна институција нема увид во стоките кои тие ги продаваат и начинот на кој тие ги продаваат. Од дивите препродавачи се жалат и пазарџиите кои регуларно си закупуваат тезга во затворениот дел од пазарот“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

    Од Општината велат дека во наредниот период ќе се спроведуваат зачестени заеднички инспекциски надзори и на други локации каде се наоѓаат нелегалните препродавачи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира