На Шар Планина ноќеска наврна снег, прекривка дебела од 10-20 сантиметери, а толку снег тука немаше ниту во јануари. Сепак, овој снег е мек и не е добар за скијање.
Во Полошкиот Регион деновиве времето е студено, со обилни врнежи, особено ноќеска.
Поради високите температури кои до неодамна беа секојдневие на Шар Планина, Ски-центарот Попова Шапка уште на 19 март објави дека зимската сезона е затворена, бидејќи немаше услови за скијање.
З. АНДОНОВ