СО 8.500 ЕВРА ДОНАЦИЈА ОД ЕУ СОБРАНА НА НОВОГОДИШЕН БАЗАР СЕ ДООПРЕМИЈА ГРУПНИТЕ ДОМОВИ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО СКОПЈЕ И ВЕЛЕС

    СО 8.500 ЕВРА ДОНАЦИЈА ОД ЕУ СОБРАНА НА НОВОГОДИШЕН БАЗАР СЕ ДООПРЕМИЈА ГРУПНИТЕ ДОМОВИ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО СКОПЈЕ И ВЕЛЕСДонацијата ја добија организации со групни домови во Скопје и Велес. (Фото: СДК.МК)

    На три граѓански здруженија кои имаат групни домови за згрижување на лицата со попреченост им беа врачени донациите што на новогодишниот базар беа собрани од повеќе амбасадори на земји-членки на ЕУ во Македонија, Донацијата ја предаде амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во змејава, заедно со амбасадорите од Франција, Словачка, Словенија, Полска, Бугарија, Чешка, а церемонијата се одржа во Европска куќа“ во Велес.

    „Поддршката која ја дава ЕУ е долготрајна за оваа група граѓани, се со цел да промовира почит во општеството кон лицата со попреченост, но и поддршка на процесот на деинституционализација кој искрено е многу успешен во вашата земја“, кажа Гир.

    Церемонијата на донирање е завршен настан на Добротворниот базар што го организираше организацијата „Добредојде во Македонија“ во декември минатата година, под покровителство на амбасадорот Гир. На него учествуваа амбасадите на Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Романија, Словачка, Словенија, Полска, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Јапонија и почесниот генерален конзул на Монголија. Тие се претставија со домашна храна и ракотворби карактеристични за нивната земја, кои беше продажни.
    Притоа биле собрани 530 илјади денари (8.500 евра), од кои 30 илјади биле наменски за подароци наменети за учесниците на базарот. Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес и Центарот за младински активизам КРИК – Скопје добија по 125 илјади денари, а Јавната установа за рехабилитација на деца и младинци – Скопје 250 илјади денари. Во Велес има четири групни домови каде се згрижени 20 лица, Крик од Скопје згрижува 15 лица во три групни дома а Јавната установа во шест групни дома има згрижено 30 лица.

    Средствата собрани на добротворниот базар беа искористени за набавка на опрема за лица со попреченост во домовите во Скопје и Велес. Корисниците добија производи за домаќинството, клима уреди, правосмукалки, телевизори, кои ќе помогнат во подобрување на нивното секојдневие.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира