СО АМЕРИКАНСКИ ГРАНТ ЌЕ СЕ КОНЗЕРВИРААТ И ПРЕЗЕНТИРААТ МОЗАИЦИТЕ И АРХИТЕКТУРАТА ВО ХЕРАКЛЕЈА

    СО АМЕРИКАНСКИ ГРАНТ ЌЕ СЕ КОНЗЕРВИРААТ И ПРЕЗЕНТИРААТ МОЗАИЦИТЕ И АРХИТЕКТУРАТА ВО ХЕРАКЛЕЈАПодготвителните активности се веќе во тек, конзерваторските проекти се веќе во завршна фаза на изработка. (Фото: СДК.МК)

    Проект вреден 100.000 долари кој вклучува конзервација и презентација на мозаици и архитектура на археолошкиот локалитет Хераклеја кај Битола ќе биде финансиран со грант од САД, обезбеден преку Американската амбасада во земјава.

    Согласно проектната апликација, со конзерваторските зафати ќе бидат опфатени мозаичните површини и архитектурата во делот на Малата и Големата базилика, Базилика Е, потоа Епископската резиденција, кружната кула, градската фонтана и друго.

    „Среќна сум што американскиот народ ќе помогне во заштитата на ова културно наследство кое ќе остане на генерациите што доаѓаат“, рече амбасадорката САД Кејт Брнс која денеска беше во посета на археолошкиот локалитет.

    Проектот беше одобрен кон крајот на минатата година. Подготвителните активности се веќе во тек, конзерваторските проекти се веќе во завршна фаза на изработка и од Завод и музеј од Битола се надеваат дека во најскоро време ќе започнат со реализација.

    „Конзерваторските интервенции кои во вака голем обем за првпат се преземаат токму благодарение на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на овие исклучително вредни културни добра по кои Хераклеа е препознатлива, туку ќе дадат и едно ново светло и значење на самиот локалитет“, соопштија од Завод и музеј Битола.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира