СО ДОГОВОРОТ ЗА ДОМОТ КОПАНКИ ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ КОРИСТИ БЕЗ НАДОМЕСТ 30 ОТСТО ОД СМЕСТУВАЊЕТО 

    СО ДОГОВОРОТ ЗА ДОМОТ КОПАНКИ ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ КОРИСТИ БЕЗ НАДОМЕСТ 30 ОТСТО ОД СМЕСТУВАЊЕТО Општината да донира 3,8 милиони денари за реконструкција на Планинарскиот дом Копанки кој изгоре пред 9 години. (Фото: СДК.МК)

    Советничкото мнозинство предводено до ВМРО-ДПМНЕ заедно со Поинаку ја изгласаа одлуката за склучување договор за регулирање на меѓусебни права меѓу Општина Битола и Планинарско-спортскиот клуб (ПСК) „Пелистер“ Битола, со цел Општината да му даде донација од 3,8 милиони денари за реконструкција на Планинарскиот дом Копанки кој изгоре пред 9 години. По донесената одлука, договорот ќе го потпишат градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на ПСК „Пелистер“.

    Со овој договор, стопроцентен сопственик на домот останува, со тоа што е дозволено бенефиција од 30 проценти од сместувачкиот капацитет да користи Општина Битола без надомест, со писмено барање од нив за одржување на семинари и културнио настани според годишен календар. ПСК „Пелистер“ ќе треба на три месеци да доставува извештај до Советот за искористувањето на средствата. Договорот е на неопределено, па нема точни термини кога домот би се обновил, колку вкупно ќе чини реконструкцијата, а не е приложен ни проектот. Исто така, пишува дека ќе биде разгледана потребата доколку се појави од дополнителнителни финансиски средства во 2023 година.

    Опозиционата СДСМ и коалицијата гласаа воздржано, а Левица против. Советникот Методија Илиевски од СДСМ предложи договорот да се прошири со категоријата деца од 7 до 14 години и пензионери да можат без надмоест да го користат Домот, но тоа не беше прифатено. Анастасија Трајковска од ДОМ, инаку архитект по професија, рече дека во договорот недостига проектот по кој ќе се гради Копанки, премерот и пресметката за изведените работи и рокот на изведба.

    „За да знаеме за што конкретно ги даваме средствата и дали за брзо време ќе бидат валоризирани зашто ако Копанки се изгради по 10 години оваа сума ќе се стопи и нема да има никаков ефект. Овој објект за да се обнови не би можело без половина милион евра и овие обезбедени средства не знам дали ќе овозможат целосна обнова на објектот“, рече Трајковска.

    Советникот од Левица Гаврил Трајковски рече дека бенефициите ќе бидат за Општината, а не и за граѓаните чии пари ќе се дадат за обнова на домот, а не се спомнати никаде во договорот.

    Координаторот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојкоски одговори дека средствата што ги дава Општината ќе бидат заштитени зашто домот во следните 20 години нема да може да се издава и става под хипотека. Тој рече дека не е предвидено понатаму Општината да го финансира клубот, туку средствата се наменети исклучиво за Копанки.

    Претседателката на Советот Габриела Илиевска од Поинаку на прашањето која категорија ќе биде она што ќе ги користи 30 проценти од сметувањето без надомест рече: „Сето тоа ќе биде уредено со правна регулатива од Општина Битола. Тоа не може предвреме да се предвиди, а тие 30 проценти на Општина Битола ќе бидат секогаш слободни за користење“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира