СО ЃУБРЕ И ПЛАСТИКА ПОЛНО КОРИТОТО НА ПРЕСУШЕНАТА РЕКА БАБУНА КАЈ ВЕЛЕС

    СО ЃУБРЕ И ПЛАСТИКА ПОЛНО КОРИТОТО НА ПРЕСУШЕНАТА РЕКА БАБУНА КАЈ ВЕЛЕСРеката Бабуна два месеци е пресушена од Војнички мост. (Фото: СДК.МК)

    Ниту дождовите кои минатиот викенд паднаа на планината Јакупица, каде е изворот на реката Бабуна, не влијаеа водата да протече по нејзиниот долен тек. И натаму сушата не дозволува коритото да се наполни.

    Глетката по пресушеното течение е жална. Наместо вода во коритото има само камења и смет од пластика кој неодговорни посетители го фрлиле по реката, додека таа течела.

    Реката Бабуна два месеци е пресушена од Војнички мост, во дел од нејзиниот тек, кој е во должина од 65 километри.

    Исто како реката Бабуна и реката Тополка извира од планината Јакупица, но по целото нејзино течение има вода. Тоа се должи што во горниот тек, близу селото Лисиче е изградена акумулација, со која се регулира водотекот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира