СО КОНЦЕРТ И ТЕЛЕСКОП НА ГОЛЕМО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕР ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ ПЛАНЕТИТЕ

    СО КОНЦЕРТ И ТЕЛЕСКОП НА ГОЛЕМО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕР ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ ПЛАНЕТИТЕПосетителите ќе имаат можност преку телескоп да се набљудуваат планетите. (Фото: СДК.МК)

    Целовечерен музичко-сценски настан на Големо Езеро со можност преку телескоп да се набљудуваат планетите и да се доживее изгрејсонце на врвот од планината нуди настанот „Високо под ѕвездите“, што викендов ќе се одржи на Пелистер.

    Настанот, кој ќе се одржи под отворено небо на 2.218 метри надморска височина е дел од културното лето „Бит фест“, а е во организација на ПСК „Олимпус Монс“. Ќе настапи „Сити бенд“, која со акустичен перформанс ќе се претстави на една од најубавите природни сцени во Македонија.

    Сите гости ќе имаат можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да ја набљудуваат Месечината, како и планетите Јупитер и Сатурн. Рано изутрина рутата ќе се упати кон врвот Ветерница и од таму ќе се набљудува изгрејсонцето над Големо Езеро.

    Поаѓањето е утре од Ниже Поле, па се оди преку патеката по Дебел Рид до Големо Езеро. Почетната точка е од 1.200 метри надморска височина, а највисоката врв Ветерница 2.420 метри  надморска височина. Тежина на патека која има должина од шест километри е средно тешка, а предвидено време за искачување се три часа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира