СО НОВИОТ АПАРАТ ОД ГЕРМАНИЈА ШТИПСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА МЕСЕЧНО ЌЕ ПРАВИ НАД 30.000 КРВНИ АНАЛИЗИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН

    СО НОВИОТ АПАРАТ ОД ГЕРМАНИЈА ШТИПСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА МЕСЕЧНО ЌЕ ПРАВИ НАД 30.000 КРВНИ АНАЛИЗИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОНСо новите апарати и со новиот кадар лабораторијата во Клиничката болница во Штип месечно ќе прави над 30.000 анализи; - Директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев со новиот апарат (Фото: СДК.МК)

    Лабораторијата на Клиничката болница во Штип од денеска стави во функција нов апарат за испитување на крвта набавен со сопствени средства од Германија, во вредност од 420 илјади денари.

    „Новата современа центрифуга е со капацитет најмалку за 48 епрувети и со внатрешното автоматско ладење со кое располага може да работи на темпертатура од минус 10 степени до плус 48 степени целзиусови. Тоа значи дека уште повеќе пациенти од регионот ќе можат за многу пократко време да ги добијат резултатите од испитувањето на крвта“, вели раководителот на лабораторијата Јордан Тунев.

    Директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев вели дека со вчерашното вработување на 20 медицински сестри и 12 доктори примени се и двајца нови лаборанти, со што лабараторијата и кадровски целосно е екипирана.

    „Лабораторијата досега правеше од 20.000 до 25.000 испитувања месечно, но со новите апарати за имунолошко и биохемиско испитување месечно ќе се прават и над 30 илјади крвни анализи на пациенти од цела Источна Македонија“, вели Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира