СО ПОМОШ НА НОВИТЕ ДРОНОВИ ФАТИВМЕ ГРУПА ТЕРОРИСТИ, КАЖАА ОД ПОЛИЦИЈАТА НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА НОВАТА ОПРЕМА ВО ШТИП

    СО ПОМОШ НА НОВИТЕ ДРОНОВИ ФАТИВМЕ ГРУПА ТЕРОРИСТИ, КАЖАА ОД ПОЛИЦИЈАТА НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА НОВАТА ОПРЕМА ВО ШТИПВо Штип се одржа презентацијата на кадровската и техничката подготвеност и опременост на македонската полиција (Фото: СДК.МК)

    По Тетово, Велес, Скопје и Струмица, и во Штип се одржа презентацијата на кадровската и техничката подготвеност и опременост на македонската полиција.

    „Овде имаме комплетна презентација на нашата техничка опременост со најновата опрема. Внимание предизвикаа најновите дронови. Имаме дронови кои можат да надгледуваат простор во радиус од десетина километри.  Со нивна помош неодамна откривме и фативме група терористи“, вели командирот на единицата за брзо распоредување Горан Илиевски.

    Илиевски додаде дека овие дронови можат да се управуваат и со зборување, односно да им се дава тонска команда.  При последната акција, со помош дронот е откриена терористичката група која влегува во Македонија која подоцна се предала.

    Илиевски кој во МВР работи непрекинато 22 гподини додава дека досега имал многу добри и лоши доживувања. Се сеќава на случувањата во Бродец, но најмногу на „Диво насеље“ каде во 2015 година и тој бил во акција. Операцијата заврши со фаќање на терористичката група, но за жал и со загинување на осум припадници на МВР.

    На смотрата во Штип покрај единицата за брзо распоредување задолжена за справување со нарушен јавен ред и мир  и за посебни дејствија во урбани и рурални средини, беше и единицата „Тигар“ која дејствува во случај на исчезнување на луѓе и спасување во планина или од вода.

    МВР го презентираше и најновото современо возило на чија каросерија беше амблемот на ЕУ, опремено со камери кои имаат опсег до 10 километри со можност да снимаат и ноќе.

    „Вакви возила со вградени специјални камери има повеќе и тие се распоредени територијално со цел да биде покриена целата територија, главно по граничниот појас, но по потреба се распоредуваат и во внатрешноста“, велат Ивана Китановска главен советник за информатика и телекомуникации и нејзиниот колега, полицаецот Орце Јангеловски.

    Дресерот од единицата за службени кучиња кажа дека имаа над 30 добро обучени кучиња. Вакви смотри МВР во наредниот период ќе организира и во останатите поголеми градови во Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира