СО РАЧЕН ФРЛАЧ СТРЕЛАНО ВО КАФЕАНА ВО СКОПСКА „МАВРОВКА“, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    СО РАЧЕН ФРЛАЧ СТРЕЛАНО ВО КАФЕАНА ВО СКОПСКА „МАВРОВКА“, НЕМА ПОВРЕДЕНИИзвршен е увид и се работи на расчистување на случајот", изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР. - Скршен излог на еден од дуќаните (Фото: Ѓ. Личовски)

    Силна експлозија се слушна ноќеска по полноќ во центарот на Скопје. МВР соопшти дека околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кај Мавровка, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема.

    “Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот”, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари