СО САМЕРЛЕНД ЌЕ ПОНУДИМЕ ЗАБАВА КАКВА ШТО НЕМАЛО ВО СКОПЈЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    СО САМЕРЛЕНД ЌЕ ПОНУДИМЕ ЗАБАВА КАКВА ШТО НЕМАЛО ВО СКОПЈЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВСекоја вечер на Школка ќе се одржуваат концерти, а во склоп на фестивалот ќе има и забавна зона со друштвени и видеоигри, флипери, фудбалчиња и табла.(Фото: Град Скопје)

    Скопје ова лето ќе понуди нешто што никогаш досега не било организирано во овој период од годината, рече градоначалникот Петре Шилегов најавувајќи го летниот фестивал „Самерленд“ кој од денеска до 28 јули ќе се одржува во Градскиот парк.

    Секоја вечер на Школка ќе се одржуваат концерти, а во склоп на фестивалот ќе има и забавна зона со друштвени и видеоигри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено.

    „Доброто искуство што Скопје го имаше со Винтерленд го продолжуваме со Самерленд. Очекувам ова да биде едно место каде граѓаните ќе можат да го поминуваат слободно време. Ваквиот фестивал ќе стане традиција. Освен за жителите на Скопје очекуваме дека овие содржини ќе бидат атрактивни и за туристите и другите посетители коишто природно во летниот период се помногубројни“, рече Шилегов.

    „Самерленд“ вечерва ќе се отвори со концерт на групата „Нокаут“. Викенов ќе има настапи на трибјут бендови, што ќе вклучи музика на „ЕКВ“, „Бијело дугме“, Ѓорѓе Балашевиќ, „Арктик манкис“, Џо Кокер, „Ајрон мејдн“, „Металика“

    За фестивалот од буџетот на Град Скопје се обезбедени 4 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира