СООБРАЌАЈОТ КОН И ОД БУГАРИЈА ДО ПОНЕДЕЛНИК ПРЕНАСОЧЕН ПРЕКУ ПЕХЧЕВО, СМОЈМИРОВО И ВИНИЦА

    СООБРАЌАЈОТ КОН И ОД БУГАРИЈА ДО ПОНЕДЕЛНИК ПРЕНАСОЧЕН ПРЕКУ ПЕХЧЕВО, СМОЈМИРОВО И ВИНИЦАСанација на мостот на Црквенска Река пред Делчево. ( Фото: СДК.МК)

    Патот Македонска Каменица-Делчево ќе биде забранет за сообраќај најдоцна до понеделник, поради сериозни оштетувања на мостот на Црквенска Река. Мостот, кој се наоѓа на два километра пред Делчево од патната делница А 3 која води кон Бугарија, е оштетен по вчерашните поројни дождови, кои предизвикаа поплави во овој крај.

    Од овие причини сообраќајот од и кон Бугарија наместо преку Македонска Каменица и Делчево ќе се прнасочува преку Виница, Смојмирово и Пехчево и обратно.

    „Интезивно работиме на санација на оштетениот мост на Црквенска Река пред Делчево и настојуваме до утре работите да ги завршиме, но во оваа прилика сепак ќе најавам дека санацијата комплетно ќе заврши и мостото ќе биде во функција најдоцна до понеделник“,  вели директорот на ЈП„ Македонија пат“ Костадин Нацевски.

    За изменетиот режим на сите делници и крстосници поставени се соодветни сообраќајни знаци и патокази со кои се пренасочува сообраќајот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира