СПАСЕН ДАВЕНИК НА ПЛАЖАТА КАЈ ГОРИЦА ВО ОХРИД

    СПАСЕН ДАВЕНИК НА ПЛАЖАТА КАЈ ГОРИЦА ВО ОХРИДПлажата кај која вчера беше спасен давеник е во близина на затворените плажи на претседателската и владината вила, каде се капат функционерите. (Фото: СДК.МК)

    На популарната охридска плажа кај Горица во Охрид вчера попладне беше спасен давеник. Интервенирале спасувачи и други капачи на капалиштето. Момчето на возраст од околу 15 години било извадено на суво, а потоа со возила на Брза помош било пренесено во охридската болница.

    Концесионерите на охридските плажи се обврзани со договорите за закуп да обезбедат спасувачка служба.

    „Момчето почна да се дави во близина на брегот. Тоа беше во група со уште неколку деца. Во еден момент со слушнаа викотници и врисоци. Тогаш забележавме дека нешто се случува во водата. Од некаде се појавија двајца спасувачи кои веднаш допливаа до момчето што се давеше, скокнаа на помош и други капачи. Стигнаа и чамци од Црвен крст. Момчето беше извадено и префрлено на брегот. Набргу пристигна и возило на брзата помош. Колку што можев да видам момчето беше живо“, раскажува очевидец на настанот.

    На 31 јули, кај плажата Магнус се удави 20-годишно момче од Куманово, откако падна од педалинка во езерото.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира