СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈАТА СЕ УНИШТУВААТ И ФРЛААТ ВО ЦРН ДРИМ, А ОПШТИНА СТРУГА НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ ДЕРЕБАН

    СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈАТА СЕ УНИШТУВААТ И ФРЛААТ ВО ЦРН ДРИМ, А ОПШТИНА СТРУГА НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ ДЕРЕБАНВандализирањето на спомен-обележјата на истакнати личности значајни за македонската историја во Струга последните неколку години е зачестена појава. (Фото: СДК.МК)

    Ни локалната самоуправа, ниту централната власт водат грижа за спомен-обележјата во Струга кои постојано се откорнуваат, крадат и уништуваат обвинува советникот во Советот на Општина Струга од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ален Деребан.

    „Вандализирањето на спомен-обележјата на истакнати личности значајни за македонската историја во Струга последните неколку години е зачестена појава. Откорната е бистата на Анте Поповски и фрлена во водите на Охридското Езеро, откорната е и бистата на Гоце Делчев во село Подгорци и фрлена во реката Црн Дрим, обид е направен за откорнување на бистата на Славко Јаневски, а Споменикот на револуцијата на плоштадот во Струга е постојано испишан со графити со навредлива и провокативна содржина. Буквално, оваа власт не води никаква грижа за спомениците кои се значајни за македонската историја“, вели Деребан.

    Деребан додава дека постојано се уништуваат и плочите од добитниците на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, а досега ниту еден сторител на ваквиот вандалски чин не е откриен и санкциониран.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира