15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРОБАЛО ДА СЕ САМОУБИЕ ОТИ ТАТКО Ѝ СО ГОДИНИ ГИ МАЛТРЕТИРАЛ НЕЈЗЕ, СЕСТРА Ѝ И МАЈКА ИМ

    15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРОБАЛО ДА СЕ САМОУБИЕ ОТИ ТАТКО Ѝ СО ГОДИНИ ГИ МАЛТРЕТИРАЛ НЕЈЗЕ, СЕСТРА Ѝ И МАЈКА ИММајката и двете девојчиња, од страв повеќе години молчеле дека се жртви на тешко психичко и физичко насилство во домот (Фото:СДК.МК)

    Петнаесетгодишно девојче од Скопје се обидело да се самоубие зашто татко ѝ подолг временски период психички и физички ги малтретирал нејзе,  18-годишната сестра и мајка им.

    Основното јавно обвинителство Скопје против 56-годишниот татко поведе постапка за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

    „Осомничениот подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, сè додека 15-годишната ќерка, неможејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот“, соопшти Обвинителството.

    Постапка е поведена и против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата.

    „На 20 јуни, во возило ја влечел и ѝ се заканувал на жената, а во еден момент сакал да ја удри со стаклено шише. Оштетената во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото, а осомничениот застанал и се обидел на сила пак да ја внесе внатре. На жената ѝ нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, вели Обвинителството.

    Во двата одвоени случаи на семејно насилство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост меѓу кои: забрана на осомничените да го напуштаат живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде тие се движат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира