СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ СВРТЕНА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ПЛОШТАДОТ ЗА ДА НЕ СЕ ОДИ НИЗ ТРЕВА ДО НЕА

    СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ СВРТЕНА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ПЛОШТАДОТ ЗА ДА НЕ СЕ ОДИ НИЗ ТРЕВА ДО НЕАЗа да има директен пристап до спомен-полочата, а не да се гази по трева, сега таа се наоѓа во делот кај новоизведениот плочник, односно е свртена кон ресторанот „Пелистер“.(Фото: Град Скопје)

    Екипи на Град Скопје, по барање на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, ја дислоцираат спомен-плочата на Плоштад Македонија. За да има директен пристап до неа, а не да се газ по трева, сега таа се наоѓа во делот кај новоизведениот плочник, односно е свртена кон ресторанот „Пелистер“.

    „За да обезбеди директен пристап плочата е свртена од другата страна, односно се наоѓа под трите дрвја насадени во нејзина чест. Изведен е нов постамент на кој ќе бидат поставени трите плочи напишани на македонски, албански и англиски јазик“, велат од Град Скопје.

    Спомен-плочата на местото на куќата каде се родила Мајка Тереза стоеше свртена кон ТЦ „Сити галери“. Но, откако Град Скопје го изведе тревникот на местото каде требаше да се градат „Шпанските скали“, за да се стигне до неа требаше да се гази низ тревата. Од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ велеа дека со ваквото решение на плоштадот спомен-плочата е заробена и граѓаните немаат пристап до неа. Тие бараат од градоначалникот Петре Шилегов да обезбеди поплочен пат до плочата на Мајка Тереза.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира