СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ШТИП СЕ ВРАТИ ПРЕД ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД

    СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ШТИП СЕ ВРАТИ ПРЕД ГЛАВНИОТ ПЛОШТАДСпоменикот на Александар Македонски е вратен на старото место пред Плоштадот Слобода. (Фото: СДК.МК)

    Споменикот на Александар Македонски во Штип по вторпат е дислоциран. Откако во 2006 беше поставен пред Плоштадот Слобода, неколку години подоцна без посебно објаснување беше преместен дваесетина метри понастрана од главниот штипски плоштад, а во 2020 беше вандализиран.

    Во тоа време по Преспанскот договор од 2018 со кој се реши 30-годишниот спор за името со Грција, кога во цела држава се брусеа шахтите со ѕвездата од Кутлеш поставени во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски и се бришеа спомен-плочите со античките симболи, таблата поставена пред постаментот што објаснуваше на кого е посветен овој споменик беше целосно полиена со црна боја.

    Со градежните работи изминатиот викенд, споменикот на Александар Македонски во Штип беше вратен на старото место пред Плоштадот Слобода, само на друг постамент.

    Автор на споменикот, на кој со големи букви пишува „Александар Трети Македонски“ е вајарот Никола Смилков, а донатор е семејството на штипскиот бизнисмен Славе Ивановски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира