СРАМОТА Е ВО БИТОЛА, ГРАДОТ НА РАКОМЕТОТ, УШТЕ ДА СЕ ИГРА ВО СПОРТСКА САЛА ИЗГРАДЕНА ОД ВРЕМЕТО НА ТИТО, РЕЧЕ ЕКСРАКОМЕТАРОТ ГИНО СТРЕЗОВСКИ

    СРАМОТА Е ВО БИТОЛА, ГРАДОТ НА РАКОМЕТОТ, УШТЕ ДА СЕ ИГРА ВО СПОРТСКА САЛА ИЗГРАДЕНА ОД ВРЕМЕТО НА ТИТО, РЕЧЕ ЕКСРАКОМЕТАРОТ ГИНО СТРЕЗОВСКИГино Стрезовски е поранешен ракометар, тренер и редовен професор по ракомет на Факултетот за физичка култура во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Срамота е во градот на македонскиот ракомет, Битола, уште да се игра во спортска сала што ја направил другарот Јосип Броз-Тито, а и таа е упропастена, остро коментираше Гино Стрезовски, поранешен ракометар, тренер и редовен професор по ракомет на Факултетот за физичка култура во Скопје. Тој како рецензент присуствуваше на промоцијата на колекцијата на шест книги, три цедиња и два софтвер за спорт од професорот Николче Костовски во Битола.

    ,,Срамота е Битола да нема сала. Она што го имате не е сала. Тука доаѓаат екипи од светски ранг, е не оди да го искршат автобусот патувајќи три саати од аеродромот во Скопје до Битола и да играат на минус 20 степени во салата. Ќе ве исклучат од Лига на шампиони. Да нема Битола сала за пет до седум илјади гледачи, срамота е за цела Македонија. Заслужува Битола ултрамодерна сала, не да ја направи Битола, туку Македонија, се знае што значи Битола за македонскиот ракомет”, рече Стрезовски.

    Битола се уште ја има некогашната спортска сала ,,Младост” од 1975 година, преименувана во „Боро Чурлевски“. Во изминатите години имаше реконструктивни зафати на покривот кој претходно прокапуваше и замена на дотраени дограма, во тек е и проект за затоплување на салата, но често се случуваше да не биде загреана. И претходната и сегашната локална власт ветија изградба на спортски комплекс, но досега не е изграден.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира