СРПСКИОТ РАПЕР РАСТА УАПСЕН ВО ОХРИД ПОРАДИ МАРИХУАНА

    СРПСКИОТ РАПЕР РАСТА УАПСЕН ВО ОХРИД ПОРАДИ МАРИХУАНАСпоред српски „Блиц“, Раста бил уапсен пред хотел пред очевидци. (Фото: М. Илиќ)

    Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста бил приведен после полноќ на стадионот во Охрид, каде требало да настапи после концертот на американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло.

    „На 03.08.2025 во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Концертот на Деруло го организираше „Прагма продукција“ од каде преку Фејсбук објавија дека еден од најавените артисти не настапи поради околности надвор од нивна контрола.

    „Како организатори, секогаш се стремиме кон највисоки стандарди, но понекогаш постојат фактори на кои не можеме да влијаеме. Ви благодариме за разбирањето“, велат од „Прагма“.

    Според српски „Блиц“, Раста бил уапсен пред хотел пред очевидци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира