Од денеска стартуваше забраната за движење на возила до Средно Водно.
Граѓаните на Водно за викенди и државни празници ќе можат да стигнат само со автобус. Град Скопје на клучката кај патот за Сончев Град и кај манастирот Свети Пантелејмон постави знаци за забрана за движење на возила.
До Водно од овој викенд покрај постајната линија 25 која тргнува од Транспортен центар, ќе возат и новите линии 25А која тргнува од катната гаража на улицата свети Кирил и Методиј и 25Б од автобуската кај Цветен пазар. Возењето со автобусите е бесплатно а исто така нема да се наплатува паркирање на паркингот спроти поранешна „Нова Македонија“ и во катната гаража.
Новите автобуски линии ќе возат од 9 до 15 часот по следниов распоред:
25А
Катна гаража Средно Водно
9:20 часот 10:00 часот
10:00 часот 11:00 часот
10:50 часот 12:00 часот
11:50 часот 13:00 часот
12:50 часот 14:00 часот
13:50 часот 15:00 часот
25Б
Цветен пазар (Дом на печат) Средно Водно
9:30 часот 10:20 часот
10:10 часот 11:20 часот
11:10 часот 12:20 часот
12:10 часот 13:20 часот
13:10 часот 14:20 часот
14:10 часот 15:20 часот