СТАЦИОНАРОТ „ЛАЈКА“ Е ГОТОВ, НО ЧЕКАМЕ РЕЗУЛТАТИ ДАЛИ СМЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ПЕТРУШЕВСКА

    СТАЦИОНАРОТ „ЛАЈКА“ Е ГОТОВ, НО ЧЕКАМЕ РЕЗУЛТАТИ ДАЛИ СМЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ПЕТРУШЕВСКАСтационарот било планирано да се отвори утре, но дел од тимот кој работел на обнова на „Лајка“ меѓу кои и таа е со симптоми на ковид-19. (Фото: ЈП „Лајка“)

    Стационарот „Лајка“ е готов и подготвен за пуштање во употреба, но директорката Тина Петрушевска и вработените во моментов се во изолација поради симптоми на ковид-19. Директорката  Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека планирано било стациoнарот да биде отворен утре, но дел од тимот кој работел на обнова на „Лајка“ меѓу кои и таа е со симптоми на ковид-19.

    „Ги чекаме резултатите од тестирањето, денеска треба да ги добиеме, па ќе знаеме кога ќе биде отворањето. Сѐ е подготвено“, вели директорката Петрушевска.

    Скопје нема стационар за бездомни кучиња веќе година и половина откако во април лани беше затворен поради несоодветни услови, ширење зарази и пропусти во работењето. Оттогаш уличните кучиња низ Скопје не се заловуваат и не се третираат според програмата „залови, стерилизирај, врати“.

    Јавното претпријатие „Лајка“ кои беше формирано по доаѓањето на функција на градоначалникот Петре Шилегов ќе управува со новиот стационар. Во него ќе има ветеринарна амбуланта, дел за вдомување на улични кучиња, а боксовите се со подно греење.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира