СТЕЧАЈЦИТЕ ЌЕ ОДАТ НА ПРОТЕСТНИОТ МАРШ НА 11 ОКТОМВРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТЕЧАЈЦИТЕ  ЌЕ ОДАТ НА ПРОТЕСТНИОТ МАРШ НА 11 ОКТОМВРИ

    Стечајните работници од Куманово ќе се приклучат на протестниот марш што опозицијата и невладините организации ќе го организираат на големиот празник 11 Октомври во Скопје.

    „Ќе се приклучиме на маршот, бидејќи ние сме први во државата што не сме задоволни од владеењето на оваа гарнитура. Нема да протестирaмe заради Зоран Заев, туку лично заради нас како незадоволна група на граѓани, која со децении се бори за остварување на своите егзистенцијални права. Ние ќе продолжиме да протестираме и ќе побараме и граѓаните да ни се придружат со граѓанска непослушност и масовни протести“, изјави Љиљана Георгиевска на денешниот протест.

    Иако повеќе од два месеци стечајците протестираат секој петок на влезот во Куманово, досега никој од актуелната власт не ги повикал да разговара за изнаоѓање на решение на нивниот проблем.

    Повеќе од 10 години стечајците бараат државата да ги обештети и им се исплаќа по 6.000 денари месечен надомест. Протестите ги активираат во изминатиот период за да извршат пристисок врз актуелната власт да предвиди средства за нивно обештетување во буџетот за наредната година, кој ќе тежи 3 милијарди евра.

    Денеска на пладне, граѓански активисти, уметници и новинари ќе ги презентираат деталите за протестниот марш што ќе го организираат на 11 октомври. Како главни иницијатори на настанот се наведуваат Зоран Заев, Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Ирена Ристиќ, Томислав Кежаровски, Бени Шаќири, Атанас Костовски и Влатко Васиљ.

    Настанот ќе се одвива под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира