СТЕФКОВСКИ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКА НА ГРАДИНКА ВО ГАЗИ БАБА КОЈА ТРОШЕЛА ПАРИ ЗА РУЧЕЦИ ВО КАФЕАНИ, СИ НАРАЧУВАЛА ХРАНА ЗА ДОМА И ЈА ВОЗЕЛА СО СЛУЖБЕНАТА КОЛА

    СТЕФКОВСКИ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКА НА ГРАДИНКА ВО ГАЗИ БАБА КОЈА ТРОШЕЛА ПАРИ ЗА РУЧЕЦИ ВО КАФЕАНИ, СИ НАРАЧУВАЛА ХРАНА ЗА ДОМА И ЈА ВОЗЕЛА СО СЛУЖБЕНАТА КОЛАГрадоначалникот Стефковски ја разрешил директорката по барање на Управниот одбор на градинката „Детска радост“ на 19 април. (Фото: СДК.МК)

    Директорката на градинката „Детска радост“ А.П. во Општина Гази Баба трошела пари за ручеци во кафеани и го надминала законскиот минимум за јавни набавки, кажа денес градоначалникот на Бобан Стефковски. Тој кажа дека подолг временски период до него како градоначалник пристигнувале информации и индиции за незаконско работење на директорката на градинката, а ревизорскиот извештај за работењето на градинката го потврдило незаконското работење. Откако Управниот одбор на градинката „Детска радост“ на 19 април доставил барање, Стефковски ја разрешил директорката.

    Стефковски кажа дека е направено прекршување на член 40 од Законот за јавни набавки. Во овој дел законските одредби упатуваат на соодветна постапка за секоја набавка чија вредност надминува 60.000 денари без ДДВ. Направено е прекршување на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, односно направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година.

    „Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење. Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година, не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што, исто така е направено прекршување на Законот“, рече Стефковски.

    Директорката исто така ја возела службената кола за приватни цели.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира