СТОПИРАЊЕ ГРАДБА ДОДЕКА ДА СЕ ДОНЕСЕ НОВ ДУП ЗА ЛАГАДИН, ДОГОВОРИЛЕ В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ И ЗДРУЖЕНИЕТО „СТАР ЛАГАДИН“

    СТОПИРАЊЕ ГРАДБА ДОДЕКА ДА СЕ ДОНЕСЕ НОВ ДУП ЗА ЛАГАДИН, ДОГОВОРИЛЕ В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ И ЗДРУЖЕНИЕТО „СТАР ЛАГАДИН“Здружението „Стар Лагадин“ пред еден месец имаа средба и со премиерот Зоран Заев кој им вети дека ќе се права правна основа за решавање на проблемот со хотелот во Лагадин. (Фото: СДК.МК)

    Ќе се бара решение кое ќе овозможи стопирање во спорното градење во Лагадин до донесување на нов Детален урбанистички план, договориле претставниците на Здружението „Стар Лагадин“ и в.д. градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески.

    „Сакаме да изразиме големо задоволство од приемот и разбирањето што градоначалникот го има кон урбанистичките проблеми во Лагадин генерирани од претходната централна и локална власт. Разговаравме за решение кое ќе овозможи стопирање на спорното градење по основ на спорниот Општ акт за Лагадин до донесувањето на нов ДУП кој ќе биде изработен според високите стандарди и критериуми на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање кој треба да биде наскоро донесен, како и во склад со препораките на УНЕСКО“, велат од Здружението „Стар Лагадин“.

    Здружението „Стар Лагадин“ пред еден месец имаа средба и со премиерот Зоран Заев кој им вети дека ќе се права правна основа за решавање на проблемот со хотелот во Лагадин.

    „Убедени сме дека заеднички ќе придонесеме во заштитата на Охридското езеро и природната реткост на регионот и дека ќе бидеме пример и за останатите подрачја во зачувувањето на природата и паметното и еколошко живеење“, велат од Здружението „Стар Лагадин“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари