Причината за тоа што 60 илјади жители на општина Велес и Општина Чашка, ноќеска четири часа немаа електрична енергија бил испадот на преносната мрежа, информираа од МЕПСО. Претходно ЕВН Македонија се прогласи дека нема вина и одговорноста ја префрли на македонскиот електро преносен систем, бидејќи струја не добивале двете трафостаници кои ги снабдуваат жителите на општините Велес и Чашка со електрична енергија.
„Заради испад на преносната мрежа во 1,35 ч. регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија на Велес. Екипи на МЕПСО веднаш излегле на терен, интервенирале и Велес добил напојување во 3,47 ч. Прекинот на снабдувањето бил во траење од два часа“, стои во писмената информација од АД МЕПСО.
Од ЕВН Македонија дополнија дека тие етапно ги пуштале различните делови од градот и општината со електрична струја па затоа во Центарот за управување со кризи е регистрирано дека струјата дошло во 5,50 ч.
П. ПЕЧКОВ