СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА И КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ ДЕЛАТ БЕСПЛАТНИ ПРИКОЛКИ ЗА ЗАКОНСКИ ДА СЕ ВОЗАТ МАШИНИ ЗА СЕЧЕЊЕ ОГРЕВНО ДРВО

    СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА И КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ ДЕЛАТ БЕСПЛАТНИ ПРИКОЛКИ ЗА ЗАКОНСКИ ДА СЕ ВОЗАТ МАШИНИ ЗА СЕЧЕЊЕ ОГРЕВНО ДРВОДрвосечачки машини на патиштата низ Струмичко. (Фото: СДК.МК)

    СВР Струмица, во соработка со општествено одговорни компании од Југоистокот, бесплатно ќе дели дополнителна опрема со која дрвосечачките машини ќе ги исполнат нормативите од Законот за безбедност на сообраќајот. На тој начин, машините ќе можат во сезоната на сечење дрвја да ја извршуваат дејноста.

    Началникот на СВР Струмица Дејан Евтимов рече дека  овој проект се прави со цел да не се скрати егзистенцијата на оваа категорија граѓани кои се актуелни за време на дотур на огревни дрва по домаќинствата. Станува збор за дополнителна приклучна опрема конкретно приколки кои дрвосечачите ќе ги добијат бесплатно, а на кои може да се монтираат дрвосечачките машини. На тој начин тие легално може да се вклучат во сообраќај, а паралелно вршат сеча и цепење огревни дрва.

    „Проектот треба да се финализира наредните денови. Пак ќе повторам, тој проект го правиме благодарение на општествено одговорни компании кои ќе донираат машини на кои ќе се монтираат дрвосечачките, за да можат луѓето и да ги исполнат условите од Законот за безбедност во сообраќајот и да можат да си ја вршат својата дејност и да ги прехрануваат своите семејства“, кажа Ефтимов.

    Тој не прецизираше колкава е бројката на дрвосечачки машини во Југоистокот кои оперираат во сообраќајот и вршат сеча и цепење на огревните дрва. Потврди дека со овој проект ќе се овозможат услови за да се стави ред со овие импровизирани возила кои се актуелно во есенските месеци.

    Неофицијално, десетици граѓани од Струмичкиот Регион секоја есен со импровизирани машини вршат сечење на огревно дрво. За нивното учество по локалните патишта и улици реагираат останатите учесници во сообраќајот со оглед дека се нелегални. Услугата што ја наплаќаат дрвосечачите се движи од 300 до 400 денари за кубик метар огревни дрва.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира