Членовите на Ловното друштво „Беласица“ велат дека власта им се одмаздува откако не беше избран за претседател кандидатот кој е висок член во ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица.Тие се револтирани што УЈП им ги пломбираше просториите каде се собираа, дружеа и пиеја кафе и денеска излегоа на мирен протест. Тврдат дека ова е хајка против нивното друштво кое годинава слави јубилеј 70 години постоење бидејки луѓе на актуелната Влада не успеале да го превземат раководството.
„Власта ја ангажираше сета машинерија за заплашување. Најпрво добивме кривична пријава од СВР Струмица за наводен криминал, потоа ни дојде инспекција од УЈП која ни го го чешлаше материјалното и финансиско работење, па дојде нова контрола од УЈП, па јавното обвинителство ни ја зеде сета документација од Централниот регистар, а нѐ затворија за смешна работа. Во просториите на друштвото ловџиите секојдневно се собираат, разговараат, играат карти и пијат кафе и бидејки оставале по 10 денари, а не сме имале фискален апарат, добивме жолта лента“, рече Марјан Даскаловски претседател на Ловното друштво.
Летово имаше изборно собрание на „Беласица“ каде во трка беа постоечкиот Марјан Даскаловски и Кире Михаилов, директор на Шумското стопанство „Беласица“. Првиот тврдеше дека бил легално избран, додека Михаилов го оспоруваше изборот и вели дека бил направен на нелигитимен начин.
СТРУМИЧКИТЕ ЛОВЏИИ ПРОТЕСТИРААТ ДЕКА ВЛАСТА САКА ДА ИМ ГО ЗЕМЕ ДРУШТВОТО
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.