СТУДЕНТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА БУГАРИЈА ЕТИКЕТИРАНИ КАКО ИСТОМИСЛЕНИЦИ НА КЛУБОТ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“, МЕЃУ ГОСТИТЕ И ДИРЕКТОРКА НА БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕ

    СТУДЕНТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА БУГАРИЈА ЕТИКЕТИРАНИ КАКО ИСТОМИСЛЕНИЦИ НА КЛУБОТ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“, МЕЃУ ГОСТИТЕ И ДИРЕКТОРКА НА БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕФотографија објавена од фондацијата „Бугарска меморија“ со директорката на Техничко училиште од Битола. (Фото: Фејсбук)

    Фондацијата „Бугарска меморија“ на својот Фејсбук профил и на официјалната интернет страница објави вест дека студенти од Македонија кои се истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола отишле на дводневна посета на Софија како составен дел од програмата за градење добрососедски односи и европска интегрaција не само на Бугарија, туку и на Северна Македонија.

    Пишува дека основач и претседател на Фондацијата „Бугарска меморија“ е д-р Милен Врабевски. Тој пак, во земјава е познат како финансиер на отворањето на бугарските клубови во Битола и Охрид.

    Во објавата пишува дека заедно со студентите пристигнале и Жанета Сервини и Љубчо Здравковски – директор и заменик директор на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола. Тие го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане, ја разгледале базата и разговараа со раководството за можностите за идна заедничка работа меѓу двете институции. Објавени се и фотографии од двајцата гости од Битола заедно со други млади лица.

    „Таму немаше ученици од Техничкото училиште и таквите објавени вести се дезинформации. Зошто не се заинтересирате да објавите за Меморандумот за соработка со компјутерски фирми за нашето училиште наместо дезинформации“, ни одговори Сервини, иако СДК.МК немаше таква објава.

    Директорката вели дека во Бугарија биле да воспостават Еразмус+ соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта.

    За студентите, пак, пишува дека слушнале предавање од Димитар Борисов од Националната гарда поврзана со историјата на Националната гарда и учествувале во разговор со основачот и претседател на Фондацијата „Бугарска меморија“, д-р Милен Врабевски, кој раскажал повеќе за приоритетите и причините за основањето, како и како и сите донации направени за Република Северна Македонија.

    Понатаму, младите продолжиле во посета на Националниот историски музеј, како што пишува на прошетка низ историскиот центар на Софија со туристички водич обезбеден од домаќините. Настанот заврши со картинг натпревар за сите македонски младинци.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира