СТУДОТ ГО ЗАТВОРИ ТЕТОВСКИОТ ПАЗАР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТУДОТ ГО ЗАТВОРИ ТЕТОВСКИОТ ПАЗАР

    Четврток е пазарен ден во Тетово и место денеска Зелениот пазар да „врие“ од продавачи и купувачи, тој денеска беше речиси празен. Тезгите на кои се продава зеленчук и овошје седат покриени со ќебиња и најлони како единствена заштита од екстремно ниските температури кои во полошкиот регион се спуштија и до 20 степени под нулата.

    „Пет дена не сум ја отворил тезгата поради студот. Не вреди ни да се отвори бидејќи од студот веднаш сé смрзнува. За десетина петнаесет минути компирот станува камен цврст. А ако еднаш смрзне потоа останува само да се фрли бидејќи не е добар за јадење“, вели Абдула од Тетово кој на тетовскиот пазар има тезга и продава компир и кромид.

    „Имам ставено неколку слоеви најлони и дебели ќебиња и ако вака се заштити компирот тогаш нема галје од замрзнување. Денеска само дојдов да ја видам тезгата, но немам намера да ја отворам. Овде продавам повеќе од дваесет години и се сеќавам и порано имало вакви студови но тогаш, за разлика од сега, имаше и многу купувачи, па се брзо се продаваше и немаше време да замрзне. А сега, луѓето немаат пари, а и не сакаат по ваков студ и лизгави улици да доаѓаат до пазарот па најчесто вакви производи купуваат по маркетите“, раскажува Абдула.

    На градскиот зелен пазар денеска работеа само дуќаните како и оние што продаваат непрехранбени производи. Отворена беше и тезгата на Ќанија кој продава јаткасти плодови и маслинки.

    „Па не вреди да се седи, еве гледајте и маслото од маслинките се замрна. Пазарот иако е покриен не е сосем затворен и студот си го прави своето. Ќе поседам уште малку бидејќи е пазарен ден, може да наврати некој муштерија, ама сигурно порано ќе затворам од вообичаеното“, вели Ќанија.

    Иако денес е пазарен ден на пазарот ги нема ниту оние кои доаѓаат од селата и тука продаваат производи кои ги одгледувале на своите ниви. Сите се надеваат дека веќе наредниот четврток ќе попуштат студовите и градскиот пазар повторно ќе заживее.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира