СВЛЕЧИШТА, ОДРОНИ ОД КАМЕЊА, ПОПЛАВЕНИ ПОДРУМИ И ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН

    СВЛЕЧИШТА, ОДРОНИ ОД КАМЕЊА, ПОПЛАВЕНИ ПОДРУМИ И ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОНОд ЦУК велат дека одронот претставува ризик за околните станбени објекти. (Фото: ЦУК)

    Обилните врнежи на дожд предизвикаа свлечишта на неколку локации во Тетовскиот Регион. Регистрирано е и свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) одронот претставува ризик за околните станбени објекти.

    „На улица 146 во Тетово пријавено е дека паднал потпорен ѕид врз семејна куќа. На терен се излезени лица од Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби. Големо свлечиште е регистрирано и на улица 195, на патниот правец од селото Џепчиште кон селото Џермо. Патот е непрооден за цело маало. Свлечиште е пријавено и на улица Прохор Пчински“, соопштија од ЦУК.

    Обилните врнежи од дожд направија проблеми во повеќе села во Тетовско. Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот. Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи, а поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција бил отежнат. Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испратила механизација и наскоро се очекува нормализирање на сообраќајот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира