ТАЛЕСКИ НАПИША ДРАМА, МИЛЕНКОВСКИ ЌЕ ЈА РЕЖИРА ВО БИТОЛСКИ ТЕАТАР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕСКИ НАПИША ДРАМА, МИЛЕНКОВСКИ ЌЕ ЈА РЕЖИРА ВО БИТОЛСКИ ТЕАТАР

    Претстава по текст на битолскиот градоначалник Владимир Талески најверојатно ќе биде поставена в година на сцената на Битолскиот народен театар. Станува збор за претставата „Смртта на Јовиќ“ во режија на Сашо Миленковски. Од театарот во Битола потврдија дека проектот веќе го поминал уметничкиот филтер на оваа театарска куќа и е пријавен на конкурсот на Министерството за култура за претстави кои ќе ги игра театарот од Битола во 2017.

    Запрашан дали има конфликт на интереси во случајот, директорoт на театарот Валентин Светозарев вели дека тие не влијаат врз режисерите по чиј текст ќе режираат претстава, а не ни одлучуваат за тоа кои проекти ќе бидат поддржани од националната програма на Министерството за култура.

    „Аплицираат режисерите кон нас, а ние само предлагаме. Овој проект го мина уметничкиот филтер во нашиот театар и проектот е пријавен на конкурсот на Министерството за култура, меѓутоа  таму ќе следува евалуација, оценување. На крај одлучува комисија за култура. Ако таа најде за сходно дека има конфликт на интереси ќе каже. Ние не одлучуваме кој по чиј текст ќе режира и кои проекти на крај комисијата ќе ги прифати“, вели  Светозарев.

    Од театарот посочуваат дека на Талески сѐ уште му мирува работното место како актер во оваа театарска куќа.

    Запрашан колку ќе чини претставата,  Светозарев изјави дека за неа се побаруваат над милион денари, но останува да одлучи Министерството колку ќе даде. За хонорарите кои ќе ги примат текстописецот и режисерот, посочи дека тие се вообичаени како за сите други уметници  на таа работа во Македонија. За Миленковски предвиден е хонорар од  300.000 денари, а за Талески не кажа колку.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира