ТАЛЕСКИ СПРОВЕДЕН ВО ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР, ДЕЛИ ЌЕЛИЈА СО ДРУГИ ЗАТВОРЕНИЦИ

    ТАЛЕСКИ СПРОВЕДЕН ВО ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР, ДЕЛИ ЌЕЛИЈА СО ДРУГИ ЗАТВОРЕНИЦИТалески во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му остануваат уште четири. (Фото: СДК.МК)

    Од вчера попладне поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески е спроведен во Прилепскиот затвор на излежување на затворската казна за случајот „Транспортер“, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на затворот Александар Дамески.

    Талески е осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му остануваат уште четири.
    Талески е сместен во затворска ќелија со други затвореници, а директорот Дамески вели „како за сите, така и за него“.

    „Согласно законските прописи останува кај нас да ја одлежи казната зашто прилепскиот затвор е од повисок ранг во однос на битолскиот. Ние сме КП дом, а тие се затвор од полуотворен тип. Кога ќе се стекне со можност да биде префрлен во Битола сигурно ќе сака и најверојатно така ќе биди, но засега останува кај нас. Битолскиот затвор е за казни до три години за примарни сторители, па кога одлежувањето ќе падне под три години постои можност Управата да го распредели во Битола“, рече Дамески.

    Поранешниот секретар на Општина Битола Слободан Бончановски кој за истиот случај има за одлежување уште 2 години и девет месеци затвор веќе е спроведен во битолскиот затвор „Црн Мост“

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира