ТАТКО И 8-ГОДИШЕН СИН ПРОНАЈДЕНИ ЗАСТРЕЛАНИ ВО СЕЛОТО СЛУПЧАНЕ

    ТАТКО И 8-ГОДИШЕН СИН ПРОНАЈДЕНИ ЗАСТРЕЛАНИ ВО СЕЛОТО СЛУПЧАНЕПолицајци во Слупчане пронашле патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, во кое билe две лица без знаци на живот. (архивска фотографија)

    Безживотни тела на татко и син од селото Опае полицијата синоќа пронашла во автомобил во липковското село Слупчане.

    „Синоќа во 22.40 часот, полициски службеници од полициското одделение Матејче во атарот на селото Слупчане, на место викано Слупчански бунар, пронашле патничко возило ‘опел астра‘ со скопски регистарски ознаки, во кое билe две лица без знаци на живот“, соопштуваат од кумановската полиција.

    Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е. С. (47) и во неговиот осумгодишен син, двајцата од Опае. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

    „Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место. По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите“, соопшти Обвинителството.

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира