ТАТКОТО И 8-ГОДИШНИОТ СИН БИЛЕ СВИРЕПО УБИЕНИ СО КУРШУМИ ОДБЛИЗУ ВО СЛУПЧАНЕ

    ТАТКОТО И 8-ГОДИШНИОТ СИН БИЛЕ СВИРЕПО УБИЕНИ СО КУРШУМИ ОДБЛИЗУ ВО СЛУПЧАНЕТаткото и синот биле застрелани во месноста Слупчански бунар над селото Слупчане, а истрагата уште ги утврдува причините, велат од Основното јавно обвинителство Куманово (Фото: СДК.МК)

    Таткото и 8-годишниот син биле убиени со повеќе куршуми при синоќешниот напад во месноста Слупчански бунар, над селото Слупчане, покажала истрагата. Тие се пронајдени околу 22.40 часот, во автомобилот „опел астра“, откако жителите на селото пријавиле во полиција дека слушнале пукање. При извршениот увид било констатитарно дека се работи за Елам Селахи (47) од Опае и неговиот осумгодишен син.

    Свирепото убиство на таткото и синот се случи од засега непозати причини. Истрагата треба да утврди дали крвавата пресметка настанала поради лихварски долгови, како што неофицијално се зборува меѓу жителите во Липковско, или станува збор за нешто друго.

    „Во близина на селото Слупчане синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место“, велат од Основното јавно обвинителство Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира