ТЕЛЕФОНОТ НА ПОЖАРНАТА ВО РАНКОВЦЕ ИСКЛУЧЕН ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ, ЖИТЕЛИТЕ ОДАТ ВО СТАНИЦА ДА ПРИЈАВАТ ПОЖАР

    ТЕЛЕФОНОТ НА ПОЖАРНАТА ВО РАНКОВЦЕ ИСКЛУЧЕН ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ, ЖИТЕЛИТЕ ОДАТ ВО СТАНИЦА ДА ПРИЈАВАТ ПОЖАРОпштина Ранковце е задолжена 250.000 евра и е целосно блокирана, бидејќи е исклучен Интернетот и телефоните. - Административната зграда на Oпштина Ранковце (Фото: Фејсбук/Општина Ранковце)

    Жителите на општината Ранковце не може да се пријават пожар на телефонскиот број 193, бидејќи телефонот е исклучен за неплатени сметки. Поради тоа, за да пријават пожар мора лично да одат во Пожарниот дом или да ги користат приватните телефонските броеви на пожарникарите.

    „Дека состојбата е катастрофална во општината покажува и податокот дека е исклучен телефонскиот број 193 во Противпожарниот дом. Неодамна имаше пожар на два помошни објекти во селото, па жителите дошле да пријават во пожарната“, вели градоначалникот Ивица Тошевски, кој на локалните е избран како независен кандидат.

    Тој додава дека Општина Ранковце е задолжена 250.000 евра и е целосно блокирана, бидејќи е исклучен Интернетот и телефоните, а немаат пари за основните потреби: хартија, тонер, гориво. Поради долг од 40.000 евра исклучено им е уличното осветлување, а во најскоро време постои опасност да остане без струја и општинската зграда поради долг од над 20.000 евра. На советниците во Советот на Општината не им се исплатени паушали за последните 5 години.

    Општина Ранковце се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, покрај магистралниот пат Куманово и Крива Паланка, рурална општина со 4.500 жители. Таа беше една од 4 општини каде во предходниот мандат градоначалникот беше од СДСМ, па немаше помош од централната власт, а наследила и големи долгови од предходната власт кои не можела да ги враќа.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира