ТЕТОВЧАНКА СКРШИ НОГА И ПОВРЕДИ РАКА БЕГАЈЌИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

    ТЕТОВЧАНКА СКРШИ НОГА И ПОВРЕДИ РАКА БЕГАЈЌИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИПо нападот од кучињата, жената била однесена во тетовската клиничка болница (Фото: СДК.МК)

    Четириесетгодишна жена од Тетово била нападната од кучиња скитници додека во вечерните часови се движела по булеварот Маршал Тито кај зелениот пазар. Во обид да го избегне нападот од глутницата, паднала, при што ја скршила десната нога и ја повредила десната рака.

    „Одев трета смена на работа кога кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардињерата меѓу тротоарот и велосипедската патека, но се сопнав и ја скршив ногата и ја повредив раката“, вели В. С. од Тетово, која е мајка на три деца.

    По нападот од кучињата, жената била однесена во тетовската клиничка болница каде што ногата ѝ била ставена во гипс и ѝ биле санирани повредите на раката. Случајот е пријавен во полиција.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира