ТЕТОВЕЦ НАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН ВО ГЛАВАТА ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ КАЈ НЕРАШТЕ

    ТЕТОВЕЦ НАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН ВО ГЛАВАТА ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ КАЈ НЕРАШТЕЗастреланиот тетовец бил претходно пријавен за исчезнат. (архивска фотографија)

    Четириесет и двегодишен тетовец, кој претходно бил пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во своето возило на регионалниот пат во атарот на селото Нераште. Полицискиот увид утврдил дека на возачкото стакло има прострелна дупка, а проектилот завршил во главата на жртвата.

    „На 24.11.2025 година во 02:00 часот во СВР Тетово, Б.Б. (33) пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б. (42) околу 18:00 часот се оддалечил од домот со возило ‘Ауди’ со тетовски таблици и не одговарал на повиците.

    По преземените мерки, денеска околу 16:15 часот, полициски службеници од ПО Теарце го забележале возилото ‘Ауди Q5’ паркирано во ниви во атарот на село Нераште. Во возилото е пронајдено телото на машко лице кое не давало знаци на живот. Забележан е отвор од проектил на возачкото стакло, а жртвата имала видливи повреди на главата. Лекари од Итна медицинска помош констатирале смрт.

    На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, при што е потврден идентитетот на А.Б. од Тетово“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира