ТЕТОВО СЕ СПРЕМА ЗА ПОЧЕТОК НА МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19, ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 1.500 ЛИЦА

    ТЕТОВО СЕ СПРЕМА ЗА ПОЧЕТОК НА МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19, ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 1.500 ЛИЦАСпортската сала на средното медиционско училиште „Никола Штејн“ ќе биде регионален центар за масовна вакцинација (Фото: СДК.МК)

    Во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово привршува адаптацијата на просторот во регионален центар за масовна вакцинација против ковид-19. Во центарот дневно ќе можат да се вакцинираат 1.500 лица. Се очекува масовната вакцинација да почне следната недела, со што ќе се овозможи месечно да се вакцинираат 50.000 граѓани од Тетово и Полошкиот Регион.

    Од Здравствениот дом велат дека, како и досега, нивните вработени ќе бидат задолжени за одвивањето на масовната вакцинација.

    „Лекарите и медицинските сестри од Здравствениот дом во Тетово ќе ги прават прегледите и вакцинацијата. Се очекува да добиеме поддршка во административниот дел од други установи, како Црвен крст и студенти по медицина, по примерот на Скопје“, изјави Борислав Јоргаиески, директорот на Здравствениот дом.

    Додека се чека на почетокот на масовната имунизација, вакцинацијата според старосните категории тече непречено, па само вчера биле вакцинирани околу 200 лица.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира