ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРОНАЈДЕ ПУШКИ, КУРШУМИ И ДРОГА КАЈ ЖИТЕЛ НА СЕЛОТО ПОРОЈ

    ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРОНАЈДЕ ПУШКИ, КУРШУМИ И ДРОГА КАЈ ЖИТЕЛ НА СЕЛОТО ПОРОЈПри претресот се пронајдени две ловечки пушки и „хеклер“ (Фото. СВР Тетово)

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера со судски наредби извршиле претреси во домовите на Н. А. (24) и неговиот роднина Р. Л. (27), и двајцата жители на тетовското село Порој, при што пронашле оружје, муниција и прашкаста материја, најверојатно дрога.

    „Во домот на Р. Л. се пронајдени три парчиња огнено оружје: две ловечки пушки, од кои една од американско производство и ‘хеклер‘, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја. Р. Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со јавен обвинител, Р. Л. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Тетово. Во текот на претресот, роднина на Р. Л. физички нападнал полициски службеник“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира