ТЕТОВСКИ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ИМАА ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОПЛАВА ВО НИВНОТО УЧИЛИШТЕ

    ТЕТОВСКИ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ИМАА ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОПЛАВА ВО НИВНОТО УЧИЛИШТЕТоа што учениците неколку часа го учеле теоретски, сега беше практично спроведено (Фото: СДК.МК)

    Ученици од тетовската гимназија денеска учествуваа на показна вежба за интервенција и спасување при поплава од поголеми размери. Во вежбата беа вклучени и тетовските пожарникари, полицијата и претставници од Црвен крст. Тоа што неколку часа го учеле теоретски, сега беше практично спроведено.

    Ова беше дел од една поширока програма која ја спроведува УНДП за справување со кризи од природни катастрофи. На овој начин УНДП го одбележа Меѓународниот ден за намалување ризици од катастрофи, кој овојпат фокусот го свртува кон младите.

    Во соработка со швајцарската влада и амбасадата во Македонија, УНДП годинава спроведе осум симулациски вежби во 12 училишта од Полошкиот Регион, на кои учествуваа повеќе од 2.000 ученици. Покрај тоа што сакаме да ја кренеме свеста за предизвиците, целта е и да ги информираме учениците и да ги подобриме нивните вештини. Веруваме дека отпорна младина е и отпорна иднина за целата земја“, изјави Армен Григоријан, шеф на мисијата на УНДП во Македонија.

    Вакви превентивни вежби беа одржани во училишта кои се наоѓаат близу речни теченија и каде што постои реална опасност при поројни дождови да дојде до поплавување и до загрозување на животот на учениците и наставниот кадар.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира