ТЕТОВСКИОТ АДВОКАТ СЕЈФУЛА ОСМАНИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    ТЕТОВСКИОТ АДВОКАТ СЕЈФУЛА ОСМАНИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛОсмани работел како истражен судија во гостиварскиот суд од каде што во 2010 поднел оставка поради, како што вели, притисоците кои врз него ги вршел тогашниот министер за правда Михајло Маневски. (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот од Тетово Сејфула Османи најави дека ќе поднесе кандидатура за местото Јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски. Османи магистирал и докторирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како истражен судија во гостиварскиот суд од каде што во 2010 поднел оставка поради, како што вели, притисоците кои врз него ги вршел тогашниот министер за правда Михајло Маневски. Од тогаш тој работи како адвокат.

    „Мојата верба е во тоа дека сите ние треба да дадеме придонес за подобрување на работите, е основниот мотив зошто се кандидирам. Во државата се гледа дека една од слабите алки на функционирање на правосудството е Обвинителството и одговорност е на Државниот обвинител тоа да го организира. Се оградувам од тоа дека целото Обвинителство не чини, во Обвинителството има обвинители кои се перфектни, кои целиот живот го потрошиле во Обвинителството, кои инвестирале во Обвинителството со својот труд и работа, но поради политичкото влијание мислам дека тие луѓе не можеле да дојдат до израз. Јас верувам дека тоа ќе го направа политиката да нема свое место во правосудството“ изјави Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира