ТЕТОВСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ЈА ОКУПИРАА ОПШТИНАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ЈА ОКУПИРАА ОПШТИНАТА

    Околу 200 тетовски средношколци од сите 5 средни училишта денес протестираа пред зградата на Општина Тетово. Иако поминаа 20 денови од почетокот на учебната година за средношколците кои живеат надвор од градот сѐ уште не е обезбеден превоз до училиштата. Тие сега или не одат во училиште или самите го плаќаат превозот.

    “Секој ден за превоз плаќам 70 денари, а ни велат дека превозот до училиштата е бесплатен. Нека седнат овие од Општинава и нека се договорат со превозниците, зашто вака веќе не оди“, вели средношколец од тетовската гимназија кој живее во село Пирок.

    Протестот првин се одржа пред зградата на Општина Тетово, но откако учениците увидоа дека никој од Општината не сака да им се обрати и да им објасни каде е проблемот, тие речиси насилно влегоа во општинската зграда. Полицијата беше немоќна да ги спречи, по што тие влегоа во големата сала каде останаа сѐ додека не им се обрати раководителот на Секторот за јавни дејности.

    По еден час разговори, кои беа затворени за новинарите, учениците заминаа видно незадоволни од добиените одговори.

    “Ништо не е решено, чекале одговор, можеби во понеделник ќе знаеме нешто повеќе“ искоментираа некои од учениците.

    И од локалната самоуправа останаа неми на барањето на новинарите за подетални информации кога ќе се обезбеди транспортот на учениците.

    “Чекаме одговор од комисијата за Јавни набавки“ кратко соопши Ахмет Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности.

    Проблемот околу транспортот на учениците настанал откако Општината го поништила тендерот за превоз и покренала постапка за распишување друг тендер кој требало да се одобри Комисијата за јавни набавки во Скопје. Како што велат од Општината, проблематична била висината на транспортните трошоци кои ги побарале автопревозниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира